Бугари запреле автобус во Белград и го демолирале (ФОТО)

by Тони Зографски

Белградската полиција уапси четворица бугарски државјани под сомнение дека запреле автобус на автопатот во Белград, а потоа го демолирале.

Со брза интервенција на припадниците на МВР, интервентната единица 92 и сообраќајните патроли во Нов Белград во близина на „Арена“, запрен е автомобил со француски регистарски таблички во кој имало четворица бугарски државјани.

При претресот не е пронајдено оружје. Полицијата го запрела автобусот кој имал видливи оштетувања на ветробранското стакло.

Bugari, auto-put, hapšenje

Возачот на автобусот изјавил дека бугарски државјани го запреле автобусот на автопатот, но дека не пукале со пиштол, туку фрлиле пивско шише кон него и со ламба го искршиле ветробранското стакло на автобусот.

Сите учесници на настанот се приведени во полициска станица.

 

останати вести