Халил Халили, таткото на осомничениот за убиството на неговата бремена сопруга, за новинарите изјавил дека повеќе не сака да го види синот.

– Вознемирен сум и многу нервозен. Штета, штета, штета. Имам порака. Се надевам дека вакво зло никогаш повеќе нема да се повтори. Не знам што да правам – вели Халили и вели дека повеќе би сакал тој и сопругата да биле мртви.

Тој наведува дека се обидел да комуницира со неговиот син, по кој полицијата се уште трага, но според него, Сокол не го отворил телефонот, ниту одговарал на пораките што му биле испратени. Халили изјавил и дека имал добри односи со снаата, но нагласил дека младиот пар имал проблеми особено кога Хамиде останала бремена.

Во општина Урошевац прецизираа дека таа била вработена во приватна фирма за одржување која имала договор и дека неодамна дала отказ на работа.

Да потсетиме, Хамиде Магаши (35) беше убиена во дворот на гинеколошката клиника во Приштина. Нејзиниот сопруг Сокол Халили (31) е осомничен за грозоморното убиство на жената, која била во деветтиот месец од бременоста, кој во средата околу 18 часот испукал три куршуми кон неа кога излегла од гинеколошката клиника.

– Беше облечен во црно и носеше капа додека разговараше со Хамиде – рече сведокот.

Една пациентка, која била сместена во истото одделение на клиниката, изјавила дека Хамиде ѝ рекла дека ја замолуваат да му го даде детето на сопругот штом ќе се породи.

– Морам да го предадам на семејството на мојот сопруг – наводно ѝ рекла Хамиде.

Овие наводи во меѓувреме ги потврдила и сестрата на убиената трудница.

Погребот е закажан за денеска во Липљан.

Инаку, Сокол и Хамиде биле во брак само четири месеци, по што се разделиле поради семејно насилство. Триесет и петгодишната Хамиде живеела во куќата на нејзините родители во Липљан. Таа вчера отишла во клиниката во Приштина на преглед пред породувањето, што се очекувало следната недела.

Халили добил забрана за задржување бидејќи на 10 август во куќата на нејзините родители ѝ се заканувал на сопругата. Се покажало дека осомничениот е осуден и казнет од судот во Урошевац за носење оружје без дозвола.

И покрај малтретирањето, Хамиде наводно двапати се враќала во куќата на нејзиниот сопруг Сокол Халили.