Дури десетмина фудбалери на српскиот аматерски тим Кушиљево билe пронајдени во полусвесна состојба во соблекувалната по мечот со Мешево. Тие се заатруле со плин, со кој се греел бојлерот.
Фудбалерите биле пронајдени во несвест откако почнал да тече гас од бојлерот додека се туширала. Десетмина од нив загубиле свест и благодарејќи на брзата реакција на Итната помош која ги превезе во болницата во Крушевац тие се спасени.
-Освен тројца фудбалери, останаатите се пуштени од болница. Тројцата се сеуште под терапија, но се во стабилна здравствена состојба – изјави тренерот на Кушиљево, Горан Урошевиќ.
Инаку, се претпоставува дека се работи за труење од јаглен – моноксид, кој предизвикува главоболка, мачнина и нагон за повраќање.
Секретарот на клубот откри повеќе детали од тоа како се случил инцидентот.
„Тоа се случи по мечот, во просториите кои се грејат на гас. Можеби плинската боца не била добро наместена, но засега не знаеме повеќе детали. Вратата била затворена и играчите се туширале. Кога излегле од тушот, тие почнале да паѓаат најверојатно поради недостаток на кислород“, кажа секретарот на клубот.