Џорџ Флојд почина од застој на срцето, стои во заклучокот на патологот на округот Хенепин после завршната аутопсија спроведена над телото на Афроамериканецот. Но, во завршната аутопсија на Бакер, наведено е дека Флојд имал проблеми со срцето, дека пател од висок притисок и бил позитивен на коронавирусот, иако за тоа нема индикација дека вирусот имал било каква улога во неговата смрт.
Иницијалниот токсиколошки извештај покажал дека во телото на Флојд има присуство на одредена количина на фентанил и метамфетамин, односно дека бил под дејство на опојни дроги.
Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер рекол дека е направен ПЦР тест за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат „недели по заразувањето“, наведува Си-Ен-Ен.
Тој додал дека Флојд најверојатно имал асимптоматска клиничка слика, па вирусот немал позната улога во неговата смрт, а веројатно не бил ниту заразен.
Инаку, Афроамериканецот Џорџ Флојд беше брутално уапсен во Минеаполис минатата недела, по што умре откако еден од полицајците му клечеше на вратот над осум минути.
Заради снимката на кој се гледа настанот, почнаа протести ширум САД, а се пренесоа и во Европа.