Од денеска Институтот за јавно здравје ќе почне да ги тестира лицата кои беа во изолација, а претходно имаа контакт со директорката на дерматологија.
-Тие лица сè уште се во изолација, и за да нема оптеретување на лабораторијата, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси- истакна Филипче.
Во кумановската болница, пет лица се заразени со коронавирус, од кои три се медицински лица. Едно од лицата кои се заразени е од околината на Куманово, па ќе се спроведат дополнителни мерки за ширење на болеста.
Во врска со починатата пациентка од Куманово, Филипче изјави дека засега ниту еден од другите членови на семејството нема клиничка симптоматологија.
Инаку, во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. Новите случаи по градови се од Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.,
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40), Куманово (8), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1).