За здраво срце, многу е важно да се обрне внимание на исхраната и да се внимава на начинот на живот и навиките.
Пред сè, важно е да се ослободите од сето она што може да има штетно влијание врз најважниот мускул во телото, а еден кардиолог откри кои 9 работи им ги забранил на своите сакани!
Помфрит
На 100 гр пржени компири има 8 грама транс масти, супстанца која не е од природно потекло, туку производ на повеќекратно загревање на растителни масла. Транс мастите повеќекратно го зголемуваат холестеролот во крвта и со тоа го зголемуваат ризикот од заболувања на кардиоваскуларниот систем.
Црвено и преработено месо
„Шницлите, меленот месо и сланината имаат многу штетно влијание врз срцето. Бактериите од дигестивниот систем ги апсорбираат аминокиселините од црвеното месо, што предизвикува цел синџир на реакции што на крајот го зголемува нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања”, вели кардиологот.
Пржена храна
Термичката обработка на високи температури создава големи количини транс масти, кои се еден од главните виновници за срцевите проблеми. Во Кина, каде што месото обично се пече или се готви, срцевите заболувања се поретки.
Пица
Само едно парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4,4 грама се заситени масти. Ако не можете да се откажете од пицата, ограничете се само на едно парче еднаш неделно, и нека биде тоа биде пица со зеленчук.
Бел леб
Редовното консумирање храна богата со јаглехидрати, како што е белиот леб, го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Високиот гликемиски индекс го зголемува нивото на шеќер во крвта, а врз основа на тоа, научниците се сомневаат дека ова е еден од честите фактори кои доведуваат до срцев удар.
Пченкарни снегулки
Тоа се брзи јаглехидрати полни со шеќер кои прават инсулинот во телото да подивее.
Сол
Вишокот на сол во телото предизвикува оштетување и зачепување на крвните садови. Не треба да јадете повеќе од 5 грама сол дневно (нецела лажичка).
Инстант супи
Како и повеќето преработени производи, инстант супите содржат голема количина сол, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, откриваат експертите. Луѓето кои јадат инстант супи 2-3 пати неделно имаат многу поголем ризик од кардиометаболичен синдром, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар.
Енергетски пијалоци
100 мл енергетски пијалок содржи 30 мг кофеин. Ако пиете 300 мл, што е стандарден волумен, ќе внесете 90 мг кофеин, исто како да сте испиле 3-4 кафиња еспресо. Оваа доза на кофеин може да предизвика тахикардија, и овие видови пијалоци не се препорачуваат за луѓе кои имаат какви било проблеми со срцето.