“УБАВИЦЕ, САКАМ ДА ТЕ ЗАПОЗНААМ“: Шерон Стоун и го честиташе роденденот на Северина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Северина на 21 април го прослави својот 51 роденден, а една од најголемите холивудски ѕвезди славната Шерон Стоун и испрати честитка! Пејачката во оваа прилика се огласи на Инстаграм и го објави видеото во кое актерката упатува најубави желби, а среќата и ентузијазмот едвај успеа да ги искаже со зборови, посебно што актерката посака и да се запознаат.

„Оф, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун, која исто така ми го честита[e роденденот. Само уште Богородица да ми се појави… Што да кажам, освен благодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи многу добро за жените. Која е и сликарка, а објави книга во која, меѓу другото, зборува и за нејзината борба детето кое можеше да го види само еднаш месечно. Пресилна жена очигледно кожеш само да се обидеш да ја уништиш онаму каде што е најранлива. Нема друг начин да ја скршиш. Шерон Стоун живеј вечно “, напиша Северина и се заблагодари за прекрасното изненадување и подарок, кој е за пофалба и восхит.

Како што објасни Шерон, таа и Северина имаат заеднички пријател, кој и го овозможил ова изненадување на пејачката. Не е чудно што остана без зборови, бидејќи вакви работи од омилените светски ѕвезди не се случуваат секој ден.

Сигурно е дека Севе до крајот на животот ќе го памети овој 51 роденден.

останати вести