Навивачката морала да ги затвори социјалните мрежи по серијата критики кои дојдоа по видеото. Имено, во Турција ваквото видео се смета за непримерно, но и нејзиниот начин на облекување, а турската телевизија ТРТ Спор за сѐ го обвини домаќинот на преносот, САД.

„Оваа слика е целосно спротивна на нашата политика за објавување и потекнува од американска телевизиска куќа и предизвикува непријатност кај гледачите“, велат од ТРТ Спор, додавајќи дека тие го пренеле само она што го прикажувале на американскиот пренос и немале „моќ да интервенираат“.

Некои коментатори сметаа дека извинувањето на ТРТ не е соодветно, туку дека жената требало да се извини. „Треба да ѝ се извинат на жената, зошто не? пишува во коментар на X. Некои сметаа дека извинувањето на телевизијата е соодветно.

“Се случи инцидент. ТРТ ја направи вистинската работа и се извини. Никој овде не е виновен. Мислам дека жената нема да има проблем со ова. На крајот на краиштата, таа ризикуваше и инцидентот се случи во момент на возбуда”, пишува во друг коментар на Х.

Патем, Турција е секуларна демократија, но многу Турчинки се борат да ги заштитат своите права поради конзервативното владеење на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган.