Владо Јаневски проговори за врската со Дунавка: „Не сум ја видел со месеци“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Владо Јаневски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. Не беше заобиколени ниту прашањето за врската со  Дунавка Трифуновска.

“Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува…Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално“, одговари Владо.

Инаку, претходно,  Дунавка во изјава за Репортер.мк за евентуалната врска со Владо Јаневски изјави:

“Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, рече Трифуновска за Репортер.

останати вести