Девојката на најбогатиот човек на светот го покажа длабокото деколте (ФОТО)

by Тони Зографски

Секоја нова фотографија на која се наоѓаат Лорен Санчез и милијардерот Џеф Безос привлекува поголемо внимание од претходнитеПознатиот пар неодамна се вратил од одмор во Лос Анџелес, а фотографиите ја докажуваат претходната реченица.

Многумина велат дека Безос покрај Лорен целосно го сменил својот изглед и имиџ. „Ја живее својата втора младост“, а во тој стил се коментира и неговата контроверзна врска со поранешната водителка поради која се распаднал неговиот две и пол децении долг брак со Мекензи Скот со која има и четири деца.

Самата Лорен ја следат многу негативни коментари, како тоа дека има бурно љубовно минато, но и коментари во врска со Безос, односно дека таа е „ловец на богати мажи“.

Таа секојпат кога ќе се појави во јавноста оддава впечаток дека нималку не ѝ е гајле за таквите коментари. Со животниот стил исто така потврдила дека не ѝ е гајле за мислењето на другите луѓе.

Но, исто така од фотографиите се гледа дека Безос вредно тренира, па за кратко време, веројатно мотивиран од изгледот на својата драга и нејзините навики, тој изгледа помускулесто од претходно. Исто така Безос почнал да се облекува и поатрактивно за да го следи модниот вкус на својата избраничка.

За потсетување, Џеф Безос од 1993 до 2019 година бил во брак со Мекензи Скот која неодамна вторпат се разведе.

останати вести