Турската актерка Гокче Бахадир (41) на почетокот на оваа година повторно се омажи и стана сопруга на музичарот Емир Ерсој, а веднаш потоа во јавноста „протекоа“ деталите за нејзиниот поранешен сопруг, актерот Алиј Сунал (45) и нивниот однос.
Имено актерката и нејзиниот поранешен сопруг се венчаа во 2011 година, а големата љубов која ја крунисаа со брак потрае само година дена.
-Влеговме во брак од голема љубов, но одлучивме да се разделиме бидејќи патиштата ни се одвоија, наведе уште тогаш актерката.
Деталите од брачните проблеми таа не откри никогаш, но извор близок до парот тврдеше уште тогаш дека нивниот брак се распаднал бидејќи сопругот ги фатил како биле заедно со неговиот татко.
-Покојниот Кемал беше голем заводник. Тие двајца се впуштиле во афера само неколку дена откако тој и станал свекор, меѓу нив постоела фатална привлечност уште одамна, а неа ја спречило тоа што тој бил од неа постар 30 години, откри тогаш изворот.
Во медиумите тогаш излезе вест дека Али кој бил на пат се вратил два дена порано, а прво го видел автомобилот на татко му, а потоа ги затекнал голи во дневната соба, по што довело до невиден скандал.
Сепак, актерката повторно ја пронајде својата среќа и од 2018 година е во среќен брак и има ќерка.