Сту Мекдоналд од Орегон, САД не може да си дојде на себе од среќа откако освои премија од 4.6 милиони долари на државната лотарија. Вели дека секој ден купувал по еден тикет, а сопругата секој пат му посакувала среќа. Но, на денот кога го добил џекпотот жена му заборавила да му каже “среќно“, па преку ноќ станал богат.
Но, Сту не е среќник само поради премијата. Имено, тој два пати го победил ракот, без да открие повеќе деталји.
-Јас сум многу среќен човек. Два пати преживеав рак и еве тука сум. Ова е фантастично – изјавил Сту кој одлучил целата премија да ја земе одеднаш, што значи дека ќе инкасира 2.3 милиони долари, а кога ќе го плати данокот, ќе му останат 1.56 милиони долари.
Инаку,тикетот го купил и уплатил во едно кафуле, по според правилата на тамошната лотарија, еден процент од премијата, односно 46.000 долари, му припаѓаат на неговиот менаџер.