„Јас реков дека нема да бидам само обичен гласач. На локални избори нема да учествувам, но од следните парламентарните избори не се откажувам. Дали политичка партија или некој фронт – се уште размислувам. Незадоволството во Македонија достигнува до крајни граници. Јас не патам од тоа да добијам функција, нема ниедно место во Македонија на кое некому му е загарантирано. Денеска немаме веќе доверба во политичките лидери. Мојата поддршка е обичниот човек. Има сила во земјава, ама таа треба да се вкалкулира. Јас не сум гаталец, јас сум паталец. Искуството и работата ме учеле да бидам тоа што сум, но ме учеле и да не ја наведнувам главата“ изјави Трифун Костовски во Студио 10 на ТВ24.