881
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Од овој момент имаме задача во рок од 20 дена да создадеме програма и влада која ќе се грижи за сите граѓани на земјава, која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата и особено внимание ќе посвети на прочистување на судството. Ќе се посвети големи внимание на економијата, да водиме посебна и поголема грижа за најсиромашните граѓни“, изјави Заев.
Нагласи дека земјава ќе добие влада која ќе биде ефикасна и ќе оди по европскиот пат, за да донесе подобар живот за граѓаните. Најави дека преговорите продолжуваат и дека денеска повторно има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
