Влијателната руска блогерка Екатерина Диденко направила журка за пријателите, но вечерта која требала да биде добра забава се претворила во трагедија.
Имено, три лица загинале, а седум се префрлени во болница откако сув мрз е фрлен во базенот во текот на забавата. Жртвите не можеле да дишат, а неколкумина добиле и хемиски изгореници.
Екатерина журката ја правела по повод 29-тиот роденден, а нејзиниот сопруг Валентин Диденко (32) е еден од настраданите.
Несреќата се случила кога во базенот биле фрлени 25 килограми сув мраз, како би се создал “визуелен ефект“ за да се импресиониран гостите во комплекст со базени и сауни. Сопругот на Екатерина починал непосредно откако бил пренесен во болница. Останатите двајца загинати се нејзините пријатели, 25-годишните Наталија Монакова и Јури Алферов.
Инаку, Екатерина Диденко на Инстаграм ја следат повеќе од милион и 200.000 следбеници.
https://www.instagram.com/p/B9HccidhVuz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet