Маи Лин сакаше да се прошета со своето момче и да оди на пијачка пред заклучувањето. Отпрвин помислија дека станува збор за огномет, но наскоро се најдоа на помалку од 30 метри од избезумениот човек кој отвори оган. Јас и мојот дечко шетавме. Одевме низ центарот на градот бидејќи беше последната вечер пред заклучувањето, сакавме да пиеме. Сè беше мирно, беше многу топло, немаше гужва како и обично. Луѓето седеа во кафулињата, разговараа, се дружеа…
-Излеговме на улицата од Стефанплац до Шведенплац. Само што стигнавме до средината на улицата, слушнавме истрели. Искрено помислив дека е огномет, пукањето стануваше се почесто и погласно. Продолживме да одиме и кога стигнавме во Шведенплац слушнавме силен истрел од лево. Одеднаш луѓето почнаа да трчаат во сите правци, и кон нас. Едно момче ни рече да бегаме затоа што во тек е терористички напад . Од мир и убава вечер настана хаос и паника, вели Маи Лин Нгуенова, актерка, танчерка и учителка со словачки и виетнамски корени, која живее и работи во Австрија.
Паника и стампедо
-Луѓето паѓаа едни над други, настана стампедо. Сите бегавме и им викавме на луѓето на кои наидовме да бегаат, да се спасат. Пукаше насекаде околу нас, ми се чинеше дека нема само еден напаѓач. Не го погледнав добро затоа што сакавме да се извлечеме. Носеше нешто бело на себе и избезумено пукаше. Луѓето влегуваа во хотели, кафулиња и куќи за да се спасат. За среќа налетавме на трамвај и скокнавме на него само за да се извлечеме. За нас не беше важно каде оди трамвајот, само што е можно подалеку од напаѓачите. Ние сепак добро се снајдовме затоа што реагиравме брзо – ни вели Маи. Тие влегоа во трамвај кој се движеше кон 11-от Безирк, на спротивната страна од нивното живеалиште.
– Излеговме по неколку застанувања, повикавме такси и отидовме дома. Имавме среќа што успеавме да се извлечеме. Во таксито, на радио слушнавме дека ги предупредуваат сите да не одат во областа, а и оние што се во близина, да влезат во кој било хотел, кафуле, ресторан, каде било и да се кријат. Беше многу опасно да се остане на улица – ни вели тој.
– Луѓето ги мешаат муслиманите и исламистите. Ова се две различни работи, и очигледно не го знаат сите тоа. Ниту религијата, ниту заедницата, ниту луѓето со арапско или турско потекло не се виновни – рече таа.