Папата Франциско признал дека свештеници и бискупи сексуално малтретирале калуѓерки, како и дека тоа сè уште се случува. Предупредил дека ова им се случува најчесто на новите калуѓерки во одредени региони.
“Дали би требало да направиме нешто повеќе? Да. Постои ли волја? Да, но тоа е пат по кој веќе тргнавме“, рекол папата на новинарите во авионот, по враќањето од Абу Даби.
Ова е првпат папата Франциско да признае дека свештеници сексуално малтретирале калуѓерки. Папата нагласил дека црквата се обидува да го реши тој проблем, но дека проблемот и натаму постои.
„Суспендиравме неколку свештеници поради тоа“, вели папата, додавајќи дека „црквата не смее да ги негира тие дела“.