38 годишниот Саша Перкиќ, ММА борец во Америка каде живееше и работеше, подлегна на повредите нанесени со нож .
Со наслов ,,Српскиот воин избоден со нож“, неколку портали во САД известија за настанот, без притоа да наведат како дошло до инцидентот и зошто е убиен.
Заедно со информацијата за неговата трагична смрт, медиумите потсетиле на инцидент од 2017 година, кога иако добил десет убоди, го претепа крадецот кој се обидел да му ја украде колата. Потоа крадецот бил приведен откако полицијата дошла до него преку крвта која останала на тупаниците на Перкиќ.
Починатиот „Српски воин“ во професионалната ММА кариера имал четири борби во кои остварил три победи.