Жителите на градот Севница во Словенија, од каде потекнува Меланија Трамп, се надеваат дека славата на местото ќе трае и откако славниот поранешен жител веќе не е прва дама на САД. Тортата „Меланија“ го зазема главното место во слаткарницата „Јулија“, која се наоѓа во рамките на единствениот хотел во Севница, пишува Би-Би-Си. Украсена со бели и златни чоколадни дезени кои ја покриваат мусата од бело чоколадо, елегантната торта е специјално дизајнирана да ја претставува Меланија Трамп. Златните обрасци се заради Трамп, а белите заради Белата куќа, вели Нуша Видмар, сопственичката на слаткарницата. Тортата содржи и ореви кои станаа сезонска состојка откако Меланија Трамп стана прва дама во јануари 2017 година.
Во последните неколку години, жителите на Севница стекнаа помалку меѓународна слава за промовирање на нивниот град и неговите производи. Постои уште една статуа на Меланија Трамп на брегот на реката Сава. Првата дрвена статуа што немаше најмала сличност со поранешен жител на градот беше запалена минатото лето од непознат сторител. Сопственичката на „Јулија“ тврди дека многу луѓе ширум светот ја посетиле слаткарницата и дека сите ја испробале тортата „Меланија“, како и дека не верува дека дошле само поради тортата.
– Ова беше одлична работа и за нас, и за Словенија, историски момент што веројатно никогаш повеќе нема да го доживееме – вели таа.
Сепак, тоа не значи крај на сите придобивки за Севница поради поврзаноста со Меланија Трамп. Локалните власти и деловните активности ги здружија силите во производството на луксузна, локално произведена стока. Градоначалникот Сречко Оцвирк вели дека овој унифициран пристап укажува на тоа дека локалното население е уверено во презентирањето на Севница на светот. И покрај фактот дека Меланија наскоро можеби повеќе нема да биде прва дама, Севница одлучи да не се откажува од производството на производи поврзани со славниот поранешен жител.