Светската музичка звезда Џенифер Лопез е една од јавните личности која нема проблем да објавува фотографии кога не е средена. Џеј Ло објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи каде позира без шминка и без фризура. Поточно, тоа е слика откако таа се разбудила.
„Добро утро, сите“, напиша Џеј Ло, со хаштаг утринско лице.
Имаше многу лајкови и коментари, кои беа позитивни.
„Колку си убава. Цела си природна“, напишаа еден до нејзините следбеници.
Инаку, Џенифер Лопез на 24 јули наполни 51 година.