Денеска се навршуваат 12 години од смртта на Тоше Проески. На 16 октомври, 2007 година, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка не напушти нашата музичка ѕвезда.
По тој повод, неговиот близок пријател и колега Тони Цетински вчера преку порака на својот Инстаграм и Фејсбук профил ги потсети неговите хрватски фанови кои отпатувале во Крушево, каде е погребан Тоше.
“Секоја година неумоливо доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и колку никогаш не знаеме што носи наредниот ден.
Многу е тешко, веќе дванаесет години да се прифати дека не си тука. Нашата единствена надеж е дека беше и остана ангел во човечка форма и дека тие постојат и секогаш остануваат покрај нас. Сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, твоите постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата. Можеше да имаш многу повеќе овде на земјата, но ние ќе го надоместиме тоа откако ќе се сретнеме во вселената.
Драг Тоше, те сакаме до последен здив. Засекогаш мојот брат“ – напиша Тони во емотивната објава .
Тој на Инстаграм објави фотографија од Тоше, а на Фејсбук ја споделил неговата песна ,,Игра без граници ’.
https://www.instagram.com/p/B3opiHMBhtK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B3o0XSIh41C/?utm_source=ig_web_button_share_sheet