Синчето на Рафаел Надал си игра со мини тениски рекет на тренингот на татко си (ФОТО)

by Тони Зографски

По речиси едногодишна пауза поради повреда, Рафаел Надал имаше успешен кам-бек во Бризбејн, Австралија.

На АТП турнирот, 37-годишниот тенисер ја има најслатката поддршка од неговата сопруга Марија Франциска Перељо и од нивното едногодишно синче, кое носи исто име како татко си. Марија и слаткото момче беа фотографирани на трибините додека го гледаа Рафаел како тренира за претстојните натпревари.

Малиот Рафаел си играше со мини тениски рекет, а фотографиите го привлекоа вниманието на јавноста.

 

останати вести