Водителката на емисијата “Бекстејџ”, Миа Костова го рекламира ресторанот на нејзиниот поранешен сопруг. Таа објави видео во кое раскажува за познатиот скопски локал во Дебар маало, семеен бизнис на еден од сопствениците со кого беше во брак неколку години.
“Инаку, ова е мојот поранешен сопруг. Ајде да частиш едно сокче дека се спаси од мене”, вели Миа низ насмевка. Водителката, која има многу следбеници на Инстаграм, со овој потег направи забавна и ефектна реклама. Миа на социјалните мрежи и во медиумите секогаш отворено зборува на многу теми. Една од нив е зголемувањето на градите, интервенција која ја направи пред неколку месеци. За неа, таа рече дека потрошила 4.000 евра.