Голем број од познатите личности се собрале во Париз каде се одржува Модната недела.
Познатиот модел Тина Кунаки ја следи оваа манифестација, а за еден од настаните којшто се организира во рамките на големата забава таа избрала да носи многу предизвикувачки фустан.
Секој детаљ од нејзиниот стајлинг бил во провокативен стил, но таа изгледала навистина добро.
Тина Кунаки носела мрежест фустан којшто бил „залепен“ за нејзиното тело. Под него се гледал проѕирниот градник, а и другиот дел од долната облека бил навистина во предизвикувачки манир.
Станува збор за танга која поради минималната количина на материјал која се користи во дизајнирањето, изгледа навистина сексапилно.
Модната комбинација која ја носи Тина Кунаки е навистина смела, а модните дизајнери ширум светот тоа го прифаќаат како тренд, а токму трендот „без градник“ е водечки на јавната сцена. Тоа го покажуваат и модните изданија на манекенката Кендал Џенер.
Интересно е што по раскинувањето со глумецот Вансен Касел, Тина Кунаки е фатена од папараците како се бакнува и се држи за рака со непознато момче на една од париските улици.