– Од денеска во градот има околу 100.000 луѓе. Во нехумани услови. Во целосна блокада. Без храна, без вода, без лекови. Под постојано гранатирање, под постојано бомбардирање – изјави Зеленски во синоќешното обраќање на Фејсбук, пренесува Би-Би-Си.
Зеленски изјави дека напорите за спасување на цивилите таму преку хуманитарни коридори биле прекинати со руски „гранатирања или намерен терор“.
Русија вчера ги блокираше хуманитарните конвои, нагласи Зеленски, додавајќи дека во таа прилика биле заробени работници на украинската влада и нивниот возач на автобус.
– И покрај сите тешкотии, вчера од градот беа спасени 7.026 жители на Мариупол – изјавил украинскиот претседател.
'Hellscape' in Mariupol.
Almost 100,000 people are trapped among the ruins of the Ukrainian city of Mariupol, facing starvation, thirst and relentless Russian bombardment, President Volodymyr Zelensky sayshttps://t.co/6CyaTkVwtE pic.twitter.com/8CLW0KcxUr
— AFP News Agency (@AFP) March 23, 2022
Зеленски изјави и дека Украина во изминатите две недели добила над 100.000 тони хуманитарна помош.
Тој рече дека новите западни санкции против Русија ќе бидат објавени подоцна оваа недела, на состанокот на светските лидери во Брисел, за време на конференцијата на НАТО.
Зеленски рече дека во вторникот разговарал со папата Франциско и дека го поканил да ја посети Украина, пренесе Би-би-си.
Украинскиот претседател изјави и дека претходните мировни преговори со Русија за прекин на конфликтот биле тешки, а понекогаш и конфронтирачки, но дека се уште напредуваат.
– Одиме чекор по чекор напред – нагласи Зеленски, пренесе Ројтерс.