Руската пејачка Фенија Калијулина почина среде настап. Додека на сцената пеела со својот бенд “Evrlasting Stars” таа доживеела срцев удар, а публиката на концертот трагичниот момент го забележала со камера.
Фенија песната ја започнала со многу енергија, но по неколку минути таа паднал на сцената, по што публиката почнала да паничи и да вришти.
Иако Брзата помош веднаш пристигнала, на руската пејачка и немало спас и таа починала во својата 53-та година од животот.