„Повредениот во нападот е во критична состојба, се надеваме дека ќе преживее“, соопшти вчера полицијата. Оттаму додаваат дека откако ја активирал гранатата, осомничениот извадил нож и почнал да ги боде жртвите. „Се сомнева дека мотивот за нападот се нерасчистени љубовни врски, бидејќи Србинот бил во врска со нападнатата 42-годишна жена“, изјавиле оттаму.

Мажот кој е во критична состојба се вели дека е новиот партнер на повредената, додека другата повредена е нејзина пријателка. По нападот, осомничениот Србин побегнал во дворот на блиската зграда, каде што бил уапсен. Германските медиуми јавуваат дека повредените жени се исто така српски државјанки, додека повредениот маж е од Босна и Херцеговина.