ТАТКО Ѝ ПЕДОФИЛ 11 ГОДИНИ НЕ САКАЛ ДА Ѝ КАЖЕ КОЈА Ѝ Е МАЈКА: Ѝ оставил големо богатство, но и трауми за цел живот… (ФОТО)

by Тони Зографски

Парис Џексон и денеска живее во изобилство, обидувајќи се да се оствари како музичарка и модел, но за 6 години ја чека богатство од над 100 милиони долари кое ќе го наследи од покојниот татко Мајкл Џексон.

Парис е страстен бранител на ликот и делото на својот татко иако благодарение на него живеела без мајка цели 11 години.

Имено, откако кралот на поп-музиката починал, Парис стапила во контакт со Дени Роу, жената која ја родила и тврди дека сè уште е во одличен однос со неа.

Иако Парис отсекогаш зборувала дека имала бајковито детство, многумина сметаат дека тоа е далеку од вистината. Како пример за тоа тврдење ја наведуваат можноста да се снајде во реалниот свет и да оствари сериозна емотивна врска или кариера.

Парис пред неколку дена се појавила на премиерата на документарецот за Памела Андерсон и во таа прилика ги покажала своите многубројни тетоважи.

На нејзиното тело се наоѓаат над 30 тетоважи меѓу кои срце, огледало, лепеза, разни божици и симболи на хиндуизмот, како и икона од Дева Марија.

останати вести