Тамара Тодевска излезе од болница со синот Дарен кој го роди на 12 декември. Тамара изјави дека ова искуство и било полесно од првото породување. Нејзината ќерка Хана има две ипол години.
Во болницата, Тамара се фотографираше со сопругот Александар и со децата. Таа изјави дека би сакале да имаат и трето дете.
„Овој пат навистина сè ми беше полесно, имам едно искуство зад себе и бев психички подготвена што ме чека. Имам среќа што Дарен е многу мирно бебе, се надевам таков ќе биде и дома. Пресреќна сум што повторно се здобив со една од најзначајните улоги – да се биде мајка, улога што носи прекрасни моменти. Сега со две деца ќе ми треба повеќе помош, но, за среќа, активно се вклучуваат сите во семејството. Здравје и за третото дете ќе ја бараме истата докторка.“ – изјави Тамара за сајтот на болницата „Аџибадем Систина“.