СИТЕ ВО ИСТИ ПИЖАМИ: Деми Мур и Брус Вилис направија “пижама парти“ во карантин (ФОТО)

by Тони Зографски

Иако не се во брак повеќе од две децении,  Деми Мур и Брус Вилис се во одлични односи.

57-годишната актерка и 65-годишниот актер и во карантин најдоа начин да се забавуваат со ќерките Талула, Скаут и Румер, како и со нивните партнери.

Имено, сите тие се облекоа во исти пижами, направија “пижама парти“, па заедно позираа за фотографиите кои ги објави Талула на нејзиниот Инстаграм профил.

Претходно и Деми ги почасти фановите со семејна фотографија направена во нејзиниот дом.

„Екипа за карантин… работиме на семеен фото проект“, напиша актерката.

останати вести