Почина Робин Паркинсон, популарниот Леклер од серијата „Ало, Ало!“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, Ало!“, почина на 92-годишна возраст.

Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедите The Young Ones, Dad’s Army, The Two Ronnies и други.

Во соопштението објавено во име на неговото семејство се наведува: „Робин Паркинсон, актер познат по ‘Allo!’ Allo! и како глас од детската серија Button Moon, почина мирно на 92-годишна возраст. Покрај него беа сопругата и ќерките.“

Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и бројни ТВ-серии – Girls About Town, The Many Wives Of Patrick, The Young Ones и Rising Damp.

Фановите ќе го паметат по улогата на Ернест Леклер и познатата реплика: It is I, Leclerc!

Image

останати вести