Поранешната лото девојка, 65-годишната Сузана Манчиќ, се присети на своите додворувачи и фотографирањето за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.
“Еден мој додворувач се правеше дека е Ромео, па се качи на балконот од мојата соба. Тоа беше навистина лудо! Се случуваше некои да спијат во мојот лифт додека ме чекаа да се вратам дома. Многумина ми оставаа цвеќе на автомобилот… – рече Сузана.
Водителката крена најголема прашина во јавноста кога позираше гола за насловната страница на српското издание на Плејбој во 2004 година.
“Околината ме осуди, но пријателите и членовите на семејството ми кажаа дека тоа е исклучителен едиторијал. И не бев целосно гола, имаше многу цвеќиња. Не смеам да ви кажам колку пари заработив од овие фотографии бидејќи сум должна да ја чувам оваа информација во тајност. Можам само да кажам дека бев најплатена во историјата на српското издание на Плејбој – изјави Манчиќ.