Салма Хајек покажа како би изгледала кога би била маж (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската ѕвезда Салма Хајек сподели урнебесна серија фотографии со кои ги воодушеви фановите.

Убавата актерка покажа како би изгледала како маж, споделувајќи фотографии на кои е во машка верзија.

– Внимавајте луѓе, немојте да бидете измамени – напишала во описот.

Фотографијата е создадена од вештачка интелигенција, а Салма ја искористила апликацијата за да се трансформира во маж, со машки црти на лицето, кратка коса и брада.

Обожавателите на актерката ги споделија своите реакции, откривајќи дека биле изненадени и возбудени кога ги виделе фотографиите на Салма.

останати вести