Андреа Бочели со сопругата Вероника на црвениот тепих во Севиља (ФОТО)

by Тони Зографски

Андреа Бочели и Вероника Берти присуствуваа на настан во Севиља, Шпанија, каде привлекоа големо внимание.

65-годишниот оперски пејач, кој целосно го изгуби видот на 12-годишна возраст, изгледаше елегантно во син костум покрај гламурозната сопруга која носеше долг фустан со разголено деколте.

Андреа настапи на сцената на настанот одржан во чест на неговата пријателка и колешка Лаура Паузини.

Инаку, Андреа и Вероника се запознаа во 2002 година, а стапија во брак во 2014 година. Нивната ќерка Вирџинија се роди во 2012 година. Андреа има уште два сина од претходниот брак.

останати вести