Стјуардот на „Ер Нов Зеланд“, Бен Ватман, објасни за AU News што точно се случува со нашите тела за време на авионски лет и зошто е важно патниците да останат хидрирани.
Летовите, особено оние на долги релации, може да ги направат луѓето летаргични или немирни додека се обидуваат да го поминат времето, а стјуардот кажа клучна работа што треба да се има на ум при долгите летови.
„За време на долг лет клучно е да се чувствуваме удобно и безбедно, а особено е важно да се обезбеди сон за време на летот кој трае повеќе од 10 часа“, рече тој.
„Поради рециркулацијата на воздухот во авионот, грлото, носот и кожата се сушат“, објасни тој, додавајќи дека луѓето можат „да изгубат меѓу еден и пол до два литри вода за време на лет од 10 часа“.
Токму затоа Аероспејс Медицинското здружение ги советува патниците да го ограничат консумирањето алкохол, чај и кафе за време на летот, бидејќи може да предизвикаат дехидрација и оти најдобро е да пијат вода за време на летовите.