Имам во Уганда бил критикуван откако се венчал со маж, за кој тој мислел дека е жена, што само укажува на нетолеранцијата на хомосексуалци во таа земја, изјавил активистот за правата на хомосексуалците Френк Мугиша.
Вистината се дознала неколку дeна по венчавката кога партнерот на имамот бил yaпсен поради наводна кражба на телевизор, а по претресот во полицискиот извештај било запишано дека се работи за маж.
Имамот, претходно, му се доверил на колега од истата џамија, на кој му рекол дека му е потребен совет бидејќи неговата „невеста“ не сакала да се соблече.
Водачот на групата за сексуални малцинства во Уганда, изјавил дека според исмевањето за имамот на социјалните медиуми, може да се види „колку хомофобија има во земјата“.