ВОДИТЕЛКАТА ВО ПРОШТАЛНАТА ПОРАКА: “Се плашам дека мојот последен час отчукува, пријатели“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Водителката на Би Би Си Рејчел Бленд уште во 2016 година дозна дека боледува од рак на градата. Во август 2018 докторите и сооштија дека поради пораст на вредноста на ензимот не може да учествуваа во клиничкиот експеримент за новиот лек, што значи деновите и се избројани.

-Со зборовите на легендарниот Френк Синатра “ Се плашам дека мојот последен час отчукува, пријатели“ се простувам од вас. Ми рекоа дека имам уште неколку денови од животот. Благодарност до сите за поддршката што ми ја дадовте – напиша водителката на Твитера, а само неколку дена подоцна ја загуби борбата со ракот во својоата 40-та година. Таа зад себе ги оставi сопругот Стив и двегодишниот син Фреди.

Борбата со ракот Рејчел ја документираше на блогот “ Големо Р,  а мала јас“ посветена на својата борба.

Исто така пред смртта таа работеше на книгата за поединостите од нејзиниот живот кој нејзиниот сопруг не ги знеал.

-Во книгата се содржани сите совети и приказни кои би му ги раскажала на синот за време на неговото растење и кој верувам дека ќе му помогнат во животот – тогаш изјави водителката.

https://www.instagram.com/p/BlloHa2BSvX/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

 

останати вести