Српска водителка на временска прогноза поради оваа реченица добила отказ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Српската водителка Зорана Николетиќ добила отказ поради реченицата која ја изговорила на 17 јуни во Дневникот на „Радио-телевизија Војводина“.

Имено, таа почнала со временската прогноза за следниот ден, па во еден момент застанала и рекла: „О, Боже“.

Видеото можете да го погледнете овде.

Синдикатот на вработените во Радио-телевизија Војводина побарале од раководството на јавниот медиумски сервис да ѝ ја преименува казната на раскинување на договорот за привремено и повремено работно место.

Горан Караџиќ, генералниот директор на РТВ Војводина за „Danas.rs“ изјавил дека оваа грешка и те како е доволна за отказ.

„„Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е невнимание“, зборувал тој.

останати вести