Србинот Дејан Станимировиќ(45), на први април, настрадал од куршум во пиштолот кој им служел како играчка, играјќи руски рулет со група колумбиски припадници на нарко картел, пренесуваат српските медиуми.
Според колумбијската полиција, во куќата се одвивала ноќна забава со пиење и дрогирање, а рано утрото решиле да ја завршат забавата со руски рулет.
Кога дошол редот на Србинот, тој го ставил пиштолот на слепоочницта и го испукал единствениот куршум во шаржерот во својата глава.
-Ненадејно се слушна истрел. Луѓето кој се наоѓале во куќата очигледно пијани ја започнале опасната игра. Еден странец е тешко ранет – пишува порталот „eltiempo.com”.
Според една верзија, Станимировиќ е пронајден во куќата мртов. Според друга, префрлен е во болница во градот Вилјависенсио, каде што починал.
Според колумбиските медиуми, кога дошла полицијата во куќата на поранешен водач на паравоена формација во градот Гвамал, настанала вистинска војна меѓу полицијата и членовите на овој нарко картел. Во престрелката загинале двајца полицајци и сопственикот на куќата.