Транзитот на Јупитер во Бик на многумина ќе им отвори многу можности, среќа и поволни резултати
Јупитер, како и секоја друга планета, со текот на времето преминува од еден хороскопски знак во друг. Останува 12-13 месеца во еден знак, а потоа преминува во друг. А во мај, по 12 години, се случува еден од најважните транзити на оваа планета, која во ведската астрологија важи за највеличествена.
Тоа е планета на мудроста, знаење, експанзијата, развојот, духовноста и вишото учење. Нејзиното влијание врз луѓето подразбира позитивност, великодушност и можности. Оваа планета, исто така, означува богатство, изобилство, просперитет и среќа.
Според ведската астрологија, овој поволен транзит ќе им ја зголеми среќата на четири хороскопски знаци и тие ќе уживаат во својот живот на најдобриот можен начин.
Овен
Според ведската астрологија, овој транзит ќе ги израдува припадниците на знакот Овен со финансиски просперитет. Нивните шанси да заработат пари ќе се зголемат, а можеби дури и ќе доживеат голема финансиска добивка. Нивното банковно салдо ќе се удвои, дури и ќе можат да заштедат пари. Одредени припадници на овој знак ги очекува материјален комфор и луксуз и постојат големи шанси да го исплатат својот стар долг и кредитите. Транзитот на Јупитер ќе ги благослови Овните со финансиско изобилство.
Лав
Лавовите ќе бидат исклучително благословени со овој транзит. Можеби ќе бидете почестени со некои скриени пари, а може да добиете и имот од некои предци или некакво друго наследство. Ќе имате ненадејни и неочекувани добиви, а ќе ви се исполнат и сите желби. Постојат шанси овој период да купите недвижнини или земјиште. Без разлика каков имот или земјиште ќе купите овој период, долгорочно ќе ви се исплати. Ќе дадете сè од себе за да ги намалите своите трошоци, но сепак, не ви се препорачува да земате нов кредит.
Скорпија
Третиот хороскопски знак што ќе има корист од транзитот на Јупитер е Скорпијата. Вашата финансиска состојба ќе се подобри и сите ваши професионални стратегии ќе бидат успешни. Вашиот месечен приход може да се зголеми, а постојат и можности за ново откриени извори на приход. Ќе можете да си ги остварите сите видови на удобност и луксуз, бидејќи вашите финансии ќе бидат стабилни. Вработените може да добијат покачување на платата или да добијат работа со подобра плата.
Водолија
Ако му припаѓате на знакот Водолија, мора да знаете дека транзитот на Јупитер може да ви помогне да добиете наследство во овој период. Постојат дури и шанси за неочекувани финансиски добивки што ќе ви ги зголемат среќата и задоволството. Ќе се подобри и вашата финансиска состојба. Исто така, овој период може да ги потрошите пари за да ги исполните желбите на вашето семејство. Освен тоа, може да одите на патување во странство. Исто така, ќе успеете да се ослободите од сите долгови или заеми во овој период.