По повеќе од седум децении работа на радио станица, диџејот Реј Кордеиро (96) вчера се прости од слушателите со песната „Time to say Goodbye“, изведена од Сара Брајтман и Андреа Бочели.
-Па, тоа ќе беше тоа. Многу ви благодарам што ме слушавте и сега збогум,- рече Кордеиро на англиски и на кантонски кинески јазик, пренесе АП.
Неговата кариера започна пред 72 години, а повеќе од 50 години ја водеше емисијата „All the way with Ray“, која започна да се емитува на државното радио RTHK во 1970 година.
За време на неговата долга кариера, тој беше во контакт со Тони Бенет, Битлси и Клиф Ричард и помогна да се развијат некои музички sвезди од Хонг Конг.
Реј влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2000 година како диџеј со најдолг стаж.