ВЕДНАШ СЕ ВРАТИЈА: Холандскиот крал се извини за одморот во Грција

by Тони Зографски

Холандскиот крал Вилем-Александер и неговата сопруга го прекинаа одморот во Грција, откако беа под критика за патувања за време на пандемијата на коронавирусите.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка:

„Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме“.

Инаку, Вилем-Александер, кој има приватна вила во јужна Грција, патувал со владин авион, јави АНП.

останати вести