Македонската фолкерка Татјана Лазаревска како и секое лето и ова се врати од Австралија каде што живее со семејството. Дека се вратила дома, пејачката ги извести фановите преку социјалните мрежи. Имено, таа објави фотографија на Фејсбук oд скопскиот аеродром во чиј опис напиша:
„Само да се најавам. Јас пристигнав во Македонија. Забавата може да почне“.
Исто така Тања јавно си го објави својот македонски број.
„079/312-616 е мојот македонски број за пријатели“ напиша фолкерката.
Пејачката на својот Фесјбук се пошегува дека за непријателите е истиот број само наопаку.