Со ниту еден глас против шпанскиот Сенат го рарификуваше протоколот за НАТО. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес-конференција информираше за добиена поддршка од Сенатот на Шпанија за влез на нашата државата во НАТО, со што и официјално ќе станеме 30-та членка на Евроатлантскиот пакт.
– Нашето членство во НАТО има значење во време кога човештвото се соочува со заканата од коронавирусот. Сакам да им честитам и на македнските граѓани за овој заеднички успех. Членството е потврда дека земјата е на вистински пат за просперитно општество и е инвестиција во наредните генерации – рече Димитров.
„Јас сум среќен што сум тука денес со министерот Димитров. Шпаниија минува низ тешки времиња. Сенатот направи нешто ново гласаче од далечина. Беше важно да го донесме еовој закон за ратификација. одолжувањето беше поради непожелни околности. Ние сме горди што Шпанија е земја на правници и многу пати разговараме за законите во најразлични околности, а во случај кога нема формално воспоставена влада и кога парламентот е закочен, тогаш едноставно морам да ви кажам извинете“, рече Сера.
„Шпанија во Скопје ни претставува големо задоволство усвојуавњето од страна на Сенатото на Шпанија на законот за ратификациа на протокотлот за прием на Макеоднија како 30 членка на НАТО “, се обрати Сера на македонски.