Границите за српските туристи се отвораат дури на 15-ти јуни, но автобускиот превозник „Патрикалос“, вози патници за Грција меѓу кои повеќето се грчки државјани кои што биле во Србија во текот на карантинот, но и српски државјани кои што имаат потребна дозвола за влез во земјата.
Така, грчки и српски државјани со посебна дозвола за влез во земјата, пред два дена тргнале за Грција.
Превозникот на сите патници им обезбедил заштитна опрема, однoсно, маски, капи, заштитно одела…
Исто така автобусот како и целата опрема задолжително се дезинфицирал, а во текот на паузите од возењето повторно се спроведувало дезинфицирање.
Инаку, Грција границите со Македонија ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционира само граничниот премин Богородица (Евзони).