Еден од најпознатите актери во регионот Милош Биковиќ, ужива во врска со моделот Ивана Малиќ, а сега заедно заминаа и на заеднички одмор на море од каде убавата манекенка објавува и фотографии во костим за капење.

Имено парот многу често заедно патува, но само било прашање на време кога заедно ќе заминат на море.

Ивана сега на својот Инстаграм профил сподели и фотографии во бикини на кои се гледа дека парот е на јахта и ужива на средината од морето.

“Милоше, ожени ја веднаш”,  „Убавица“, „Згодна“, „Му завидувам на Биковиќ“, „Совршена“, се само дел од коментарите од нејзините следбеници.