Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ е еден од познатите што ретко зборува за приватноста, но она за што со гордост зборува е сопругата Маја и децата Миа и Алексеј.
Драган има и тоа како со што да се пофали, бидејќи неговата сопруга и ќерка се вистински убавици. Маја со кого е во брак 27 години сигурно е една од најубавите дами во Србија и многумина ја коментираат нејзината убавина, што и не е чудно со обзир на тоа дека своевремено се занимавала со моделинг. Токму на снимање на една реклама за мебел, таа го запознала својот сопруг кој и денес важи за еден од најголемите балкански шармери.
Што се однесува до Миа таа има 22 години, студентка е на Факултетот за политички науки, а паралелно работи и како модел во светот на модата. Таа неодамна сними едиторијал за еден моден бренд каде воодушеви со својата појава. За Миа велат дека е убава на мама, а „кул“ на тато.