Луѓето на плажа обично носат пешкири, но еден турист отишол чекор понапред и со себе понел нешто што никогаш не би ви паднало напамет.
На Фејсбук профилот „Podgoricki vremeplov“ е објавена фотографија која стана вирална на интернет
На фотографијата се гледаат зачадените ребра кои висат под чадорот, а туристите очигледно отишле на капење пред да ја конзумираат храната.
„Еве објаснување зошто лежалките се скапи“, напиша еден од корисниците, алудирајќи на тоа зошто цените секоја година се повисоки.
Под објавата имаше хумористични коментари: „Сланината најдобро оди со домати“, „Ова го добивате со лежалки и чадор… хит понуда ова лето“.