Никол Кидман ја одржува фигурата и здравиот дух вежбајќи редовно, но очигледно, многу интензивно.
Актерката неодамна беше фотографирана во парк во Сиднеј како вежба со професионален тренер и врз основа на фотографиите тоа беше многу интензивен тренинг.
„Јас навистина не сум толку строга за храната. Јадам речиси сè, но сè умерено”, изјавила таа за „Лос Анџелес Тајмс“ во 2014 година. Таа постојано истакнувала дека обожава риба и морски плодови, како и домашен леб, додека баш и не сака шунка.
Кидман порасна во семејство кое трчаше маратони, а во 2014 година за „Лос Анџелес Тајмс“ изјавикла дека отсекогаш мислела дека трчањето на долги патеки е „сосема нормално”.