“СМРТТА ТРОПА НА МОЈАТА ВРАТА”: Мајкл Фокс не може повеќе да се бори со болеста (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Мајкл Џеј Фокс, актерот и ѕвезда на трилогијата „Back To The Future“, повеќе од 30 години се бори со Паркинсонова болест, а во последно време неговата здравствена состојба се влошила, па се движи со помош на инвалидска количка.

Фокс неодамна дал интервју за емисијата „Sunday Morning“ на „CBS“ и признал колку му е тешко.

„Нема да дочекам 80 години. Да, смртта тропа на врата. Нема да лажам. Станува тешко, станува сè потешко. Секој ден е сè потешко“, ѝ раскажал Фокс на новинарката Џејн Поли.

Тој открил дека имал операција за отстранување на бенигнен тумор на ‘рбетот, но зафатот му го нарушил одењето и скршил неколку делови од телото, вклучувајќи рака, лакт, коска на лицето и шака. Актерот објаснил и дека „голем убиец“ кај Паркинсоновата болест е паѓањето, а можат да се појават и проблеми со џвакањето храна и белодробни воспаленија.

„Не се умира од Паркинсонова болест. Се умира со Паркинсонова болест, така што сум размислувал за смртноста на оваа болест“, раскажал Мајкл.

На Фокс му била дијагностицирана болеста кога имал само 29 години и беше една од ретките личности на светот која оваа болест ја зафатила на многу рана возраст. Актерот дури 7 години ја криеше дијагнозата од јавноста, а на крајот објасни и зошто го направил тоа.

„Се плашев дека би можеле да ми се смеат кога би дознале дека ја имам таа болест, таа состојба. Знаете, тоа беше навистина чуден период бидејќи 7 години го чував тоа за себе“, изјави Фокс претходно за „BBC“.

Голема поддршка на актерот му е сопругата Трејси Полан со која се ожени во 1988 година и со која ги има близнаците Акина и Шујлер, ќерката Есме и синот Сем.

останати вести